Европската федерација на новинарите, како дел на Меѓународната федерација на новинарите, по регионалната конференција во Скопје, ја изразува својата силна поддршка на синдикалните права и слободата на медиумите во Југоисточна Европа
„Новинарите во Југоисточна Европа се уште работат во атмосфера на страв“ вели претседателот на ЕФН Арне Кенинг.“Тие се плашат за своите работни места затоа што работничките права и колективните договори безобзирно се прекршуваат и тие се плашат за сопствениот интегритет затоа што сопствениците влијаат на уредувачката политика за да ги заштитат своите специфични интереси.Се додека работничките права се кршат, слободата на медиумите ќе биде загрозена, како и целиот идентитет на професијата кој би требало да биде непоколеблив ”
ЕФН минатата нмдела организираше тркалезна маса во Скопје на која учествуваа претставници на новинарските синдикати во Република Македонија, Бугарија,Хрватска, Србија како и делегати од двата германски синдикати на новинари ДЏВ и ДЏУ во рамките на Вер.ди
Делегација на ЕФН исто така имаше средби и со генералниот менаџер на германската компанија ВАЦ на Балканот Срѓан Керим како и разговори со водечките парламентарци во Република Македонија посветени на градење мерки на доверба меѓу политичарите и медиумските професионалци во регионот.
На средбите се разменети мислења за кршењето на Законот за работни односи и за несигурната положба на новинарите во контекст на политиката и корупцијата.
“Се чини дека политичките и бизнис интереси се здружени во напорот да ја реализираат сопствената агенда независно од професионалните стандарди на новинарството “ вели Арне Кенинг. „Новинарите не можат да работат според етички стандарди доколку останатите делови од општеството не го почитуваат Законот. За жал, со тоа се загрозени довербата во медиумите и улогата на новинарството како јавно добро“
На тркалезната маса на ЕФН се псотавени приоритетите за иднина, особено потребата за јакнење на законската регулатива која се однесува на работничките права, важноста од јавна дебата за новинарството и јакнење на регионалната соработка со создавање регионална мрежа на синдикални организации.