Google и Apple најавуваат блокирање на рекламите

Датум

Google и Apple најавија нови додатоци за блокирање на реклами за своите интернет прегледувачи, што предизвика загриженост кај издавачите на весници чии приходи зависат од дигиталниот маркетинг.

Сезоната на претставување на иновациите на технолошките компании донесе нов бран на загриженост помеѓу издавачите на весници. И Google и Apple најавија промени во прикажувањето на рекламната содржина, кои потенцијално би можеле да ги сменат моделите на огласување на новинските интернет страници.

Tака Google, во рамките на борбата со лошите интернет содржини кои им пречат на корисниците, во наредните шест месеци ќе започне со спроведување на систем на филтрирање на нападни реклами, давајќи им можност на медиумите да постигнат договор со Google кој ќе им возможи да им го наплаќаат на читателите користењето на сите други програми за блокирање реклами.

Apple, од своја страна, на годишната конференција одржана оваа седмица, за својот прегледувач Safari најави блокирање на видео содржините кои автоматски се вклучуваат, како и спроведување на нов сигурносен протокол кој го блокирање следењето на корисниците низ интернетот.

Ваквите мерки се одговор на потребата и барањата на корисниците на интернет кои сé почесто инсистираат на програми за блокирање на реклами и други и иритантни содржини кои ги следат на интернет. Но, за медиумските куќи кои во значителна мерка се потпираат на приходите од целните дигитални реклами, тоа е причина за загриженост, а експертите сметаат дека особено ќе бидат погодени малите и средни издавачи, чии дигитални стратегии не се прилагодени на новите барања.

 

Извор: Wall Street Journal, Mashable, CJR, Digiday

Останати
објави

Сподели на...