Во едно радио со седиште во Источна Македонија, а со национална концесија, на вработените не им е евидентиран стажот цели осум години.
Објанувањето на сопственикот е дека наводно поранешниот книговодител не ги пополнил обрасците М4, во кои порано се впишуваше стажот за пензиско осигурување. Без оглед на тоа, според нашите непроверени информации, дел од вработените од Радиото се пријавени преку фирмата за маркетинг (во сопственост на сопругата на сопственикот на Радиото), за да се плаќаат пониски давачки. Во ова најстаро постоечко приватно радио, за целото негово постоење, ниту еден новинар не бил пријавен со високо образование, иако биле примани исклучиво дипломирани новинари. Но, и тоа не било доволно, па за вработените, пред да се префрлат во фирмата за маркетинг, биле плаќани најниските стапки – во гранката спорт и култура! Се разбира, сите биле пријавени на најскиот можен личен доход, што го примале на сметка, а остатокот, како и во многу други случаи, го примале – на рака.