Аплицирајте за грант

Датум

Фондот за истражувачко новинарство распиша конкурс за истражувачки проекти на кој доколку имате добра сторија можете да се јавите и да добиете финансиска и менторска поддршка

Фондот за истражувачко новинарство распиша конкурс за истражувачки проекти на кој доколку имате добра сторија можете да се јавите и да добиете финансиска и менторска поддршка.

Одборот на директори на се состанува три пати годишно за да одлучува по апликации за грант за истражувачки проекти.

Крајниот рок за последниот круг од 2017 година е понеделник, 25 септември 2017 година (23:59 источноевропско време).

Апликациите треба да се поднесат преку овој портал:

investigate.submittable.com. 

Пред да аплицирате, мора да добиете „Гарантно писмо“ од уредник дека редакцијата ќе ја објави или емитува сторијата – доколку таа ги исполнува очекувањата и стандардите на публикацијата. Ова писмо не треба да се смета за апсолутна гаранција. Доколку крајниот резултат е незадоволителен, од редакцијата не може да се очекува да го објави. На ФИЈ му е потребна ваква гаранција пред да додели грант бидејќи нема капацитет да им помогне на новинарите да ги пласираат сториите.

Одборот на директори бара:  стории кои отвораат нови теми и обелоденуваат неправди – како што се корупција, злоупотреба на положба, или злоупотреба на моќ – во јавниот и приватниот сектор.

Фондот поттикнува предлози напишани за етничките медиуми и поднесени од новинари од сите раси.

Максималниот грант изнесува $10,000. Грантовите покриваат трошоци како што се пат, собирање документи и изнајмување опрема. Фондот исто така покрива барања за мали хонорари, како дел од буџетот.

Политика на Фондот е да ја плати првата половина од одобрените грантови на успешните апликанти, додека втората половина се плаќа при достапувањето на завршениот проект во согласност со оригиналниот предлог. Втората половина од грантовите не е загарантирана доколку проектите не се завршат навреме.

Апликациите треба да содржат предлог, биографија, примерок од работата на новинарот, буџет, и гарантно писмо од редакција за објавување на сторијата доколку се заврши согласно предлогот и ги исполнува новинарските стандарди на организацијата. Сите документи од апликацијата мора да бидат на англиски јазик и буџетите изразени во американски долари.

Упатства за грантови за меѓународно известување: За да бидат земени предвид, предлози за стории кои се однесуваат на други држави мора да бидат поднесени од новинари лоцирани во САД или да имаат силно изразен агол поврзан со САД, како на пример да се однесуваат на американски државјани, влада или бизнис.

Откажување од одговорност:  Улогата на Фондот за истражувачко новинарство е ограничена на давање грантови. Фондот не презема одговорност за правните и/или безбедносните ризици кои ги преземаат новинарите во текот на известувањето.

Ментори: ФИЈ нуди конкурентна можност да ви биде доделен ментор. ФИЈ ја работи оваа програма во партнерство со Истражувачки новинари и уредници и Здружението на еколошки новинари, со иницијално финансирање од Фондацијата Scripps Howard. Како дел од апликацијата, бараме да објасните како може да ви помогне менторот и дали можете да се обврзете дека ќе го информирате менторот за текот на работата. Менторите ќе бидат ваши партнери и ќе работат со вас во текот на целиот проект. Доколку веќе ви е доделен грант и барате ментор, ве молиме контактирајте го ФИЈ за информации за тоа како да аплицирате.

Прашања: Сите прашања во врска со апликацијата можете да ги упатите до Извршниот директор Сенди Берго на email, fundfij@gmail.com, или телефон, 202-662-7564.

Селекција: Одборот на директори ги разгледува и гласа по предлозите. Апликантите ќе бидат известени за одлуката на одборот приближно шест недели по истекот на рокот за аплицирање.

Циклуси помеѓу грантови: Потенцијални алтернативни извори на грантови се The George Polk Grants за истражувачко новинарство, liu.edu/polk/grants, The Investigative Fund, http://www.theinvestigativefund.org/, the Pulitzer Center, http://pulitzercenter.org/и The Society of Environmental Journalists, http://www.sej.org/initiatives/fej-program-guidelines. Контактирајте ја секоја организација директно.

Останати
објави

Сподели на...