Рокот за доставување на неисплатени побарувања од Медиа Принт Македонија истекува во среда (28 февруари 2018). По информациите дека одреден број поранешни вработени веќе ангажирале адвокат ССНМ ги информира сите свои активни или поранешни членови од МПМ дека им стои на располагање со БЕСПЛАТНО правно застапување и доставување на нивните побарувања до стечајниот управник. Се што треба да направат е да се јават цо канцеларијата на ССНМ 02 2671201 ( од 11 – 15 часот) или директно на адвокатот Наталија Миленкова на 071 364 604 каде што ќе им бидат дадени сите потребни информации по што ќе им биде пополнет образец за побарување што ќе биде доставен до стечајниот управник, без какви и да е адвокатски трошоци.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје