Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст на тема „Феноменот на лажните вести “ што ќе биде објавен во првиот број на електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.
Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на адреса ssnm.info@gmail.com. Таа треба да содржи лични податоци на кандидатот (име и презиме, мејл и телефон) , новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата (анализа, репортажа, истражување, интервју, коментар..) , како и краток опис на аголот кој сметате дека е релевантен за обработка на проблемот со лажните вести во новинарството.
Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 100 евра (бруто).
Електронската публикација е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон, Институт за комуникациски студии и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги. Проектот е поддржан од Европската Унија. Секој број на публикацијата ќе обработува една поширока тема поврзана со професионалното новинарство, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници во Македонија.
Рок за аплицирање:5 март 2018
Рок за завршување на анализата: 20 март 2018