Конкурс за награда СИГНАЛ ЗА ЕВРОПА

РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ја доделува годишната НАГРАДА ЗА СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ – СИГНАЛ ЗА ЕВРОПА на репортери, новинари и публицисти во Југоисточна Европа и соседните земји на Европската унија од 2001 година. Наградата се доделува за критички, информативни и истражувачки публикации кои покриваат: политика, слобода на печатот, човекови права, корупција, општествени прашања или поврзани теми. Целна група се генерално сите публицисти, независно од нивната возраст и статус. НАГРАДАТА ЗА СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ – СИГНАЛ ЗА ЕВРОПА изнесува 6.000 евра и ќе биде доделена на новинар од Македонија.

 

Жири:

Фреимут Дуве, прв Претставник на ОБСЕ за слобода на медиуми

Претставник на ОБСЕ за слобода на медиуми (во процес на назначување)

Ева Новотни, Претседател на Австриската комисија за УНЕСКО

Волфганг Петрич, австриски Амбасадор

Алберт Рохан, поранешен Генерален секретар на Австриското министерство за надворешни работи

Рубина Моехринг, Претседателка на Репортери без граници

 

Упатства за пријавување:

  • Рокот за поднесување е 30 ноември 2017 година
  • Датумот на објавување мора да биде помеѓу 3 мај 2016 и 30 септември 2017 година.
  • Препораки може да помогнат но не се пресудни во оценувањето на пријавите
  • Детални препораки се задолжителни ако се поднесува животно дело
  • Само една публикација може да биде поднесена од едно лице, при што е потребно следното:

а)   публикацијата на оригиналниот јазик:

Во случај на печатени статии: хартиена копија преку пошта или дигитална скенирана копија или PDF фајл.

Во случај на аудио/филм/видео: линк за преземање или USB стик.

Во случај на книга: хартиена копија или PDF фајл.

Во случај на онлајн публикација: URL, но и скриншот и PDF фајл.

 

б) превод на публикацијата на англиски јазик:

Во случај на книга, бараме англиска верзија на предговорот и препорака.

Во случај на аудио/филм/видео, бараме најмалку резиме на англиски јазик доколку не е достапен целосен превод.

 

в) Биографија на англиски јазик.

г) Доколку се поднесува животно дело, детална препорака.

За дополнителни информации или прашања контактирајте ја

Cornelia BREUSS

Reporters without Borders Austria

c/o Presseclub Concordia

Bankgasse 8

1010 Vienna, Austria

mailto: info@rog.at

www.rog.at

 

Репортери без граници Австрија

Досегашни добитници на наградата:

 

2002: Петр Ухл/Република Чешка, Агнес Карасони/Унгарија, Јержи Калина/Полска

2003: Жељко Ператовиќ/Хрватска, Милорад Весиќ/Југославија, Јелена Бјелица/Југославија

2004: Алина Ангхел/Молдавија, Андриј Шевченко/Украина, Анца Падурару/Романија

2005: Демет Билге Ергун/Турција, Макариос Дроусиотис/Кипар, Севгул Улудад/Северен Кипар

2006: Светлана Лукиќ и Светлана Вуковиќ/Србија, Мигјен Келменди/Косово

2008: Кристина Колева-Тунчева/Бугарија, Овидиу-Михаи Венгеле/Романија, Светлана Иванова Баталова/Бугарија

2009: Ганимат Захидов/Азербејџан, Ејнула Фатулајев/Азербејџан, Мариана Григорјан/Ерменија, Батумелеби/Грузија

2010: Михаил Бехетов и Олга Боброва/Русија

2011: Даниел Пал Ренји и Мариа Васархелји/Унгарија

2012: Емануела Зукала и Алесиа Серантола/Италија

2013: Интернет платформа „Бианет“/Турција

2014: Гиоргос Моутафис и Еманоуил Какламанос/Грција

2015: Наталија Радзина и Јахор Марсинович/Белорусија

2016: Ева Сиедлецка/Полска

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>