Оглас за вработување во ССНМ – Се бара финансиски и административен асистент

Датум

Локација: Скопје

Клучни работни задачи:

  • справување со финансии и административни прашања на проектите на дневна основа;
  • подготовка на наративни и финансиски извештаи;
  • подготовка и реализација на настани;
  • дневна евиденција на исплаќања;
  • дневна евиденција на документи во деловодни книги (архивирање);
  • исплати во банка по претходно одобрување;
  • консултација со оперативниот менаџер;
  • извршување на набавки на производи и услуги;
  • изработка на интерни документи (одлуки, решенија, барања и сл.);
  • комуникација со сметководство (пресметки за плати, пресметки за даноци, годишни сметки, достава на документи и сл.);
  • комуникација со банки (вршење исплати, девизни приливи и останато);
  • комуникација со останати државни институции (ЦР, АВРМ, Социјално, ПИО, Завод за статистика и сл);

Квалификации:

  • Познавање на канцелариско и административно работење
  • Најмалку двегодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти (особено процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори)
  • Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи;
  • Искуство во подготовка и реализација на настани
  • Задолжително познавање на англиски и Microsoft Office алатките

Работниот ангажман за оваа позиција е предвидено да започне oд март 2023.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат биографија (CV), најдоцна до 3 февруари 2023 година, до 17 часот, на следнава електронска адреса: contact@ssnm.org.mk

Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Останати
објави

Сподели на...