Повик за анкета: Како финансиските притисоци влијаат врз известувањето

Датум

Британската невладина оpenDemocracy спроведува анкета на која се поканети да учествуваат сите новинари од земјите членки на Советот на Европа.

Британската невладина оpenDemocracy спроведува анкета на која се поканети да учествуваат сите новинари од земјите членки на Советот на Европа.

Таа има за цел да даде слика за тоа како финансиските притисоци влијаат врз известувањето. Дадените податоци ќе бидат искористени за анализа  на тоа како парите одредуваат за што ќе се известува – а за што не – како и за заложба  за подобра заштита и слобода за новинарите кои имаат да пренесат важни стории.

Вашите одговори ќе бидат анонимни. Анкетата е дизајнирана така што  openDemocracy  немаат увид во вашата IP адреса и геолокација. Информациите кои ќе ги дадете ќе бидат чувани на енкриптирани сервери и се сопственост на openDemocracy. Сите приложени документи ќе бидат доверливи, освен доколку не е поинаку наведено.

За истражувањето би било многу полезно  доколку дозволите да нидете контактирани или цитирани; доколку ви одговара тоа, вклучете ги вашите контакт детали. Доколку повеќе сакате да комуницирате анонимно, тоа може да го сторите преку е-mail на openmedia@opendemocracy.net, PGP fingerprint: 665E EBD6 3CF6 D734 CE4D 5497 39A4 7083 6EC8 8D30.Немате обврска да доставите контакт информации.

Може да изберете да ја правите анкетата во однос на постојното работно место кое го имате, претходна позиција, или комбинација на различни позиции во текот на изминатите пет години.. Вашето мислење е подеднакво важно независно дали сте вработени или фриленсер..

Анкетата не ја правете повеќе од еднаш.

Го цениме вашиот придонес.

Анкетата е достапна на повеќе јазици

·         in Dutch: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Dutch

·         in English: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_English

·         in French: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_French

·         In German: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreiheit2017

·         in Hungarian: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Hungarian

·         in Italian: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Italian 

·         in Russian: https://www.surveymonkey.co.uk/r/Russian_openMediaFreedom2017

·         in Serbian: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Serbian

·         in Spanish: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Spanish

·         in Turkish: https://www.surveymonkey.co.uk/r/MediaFreedom2017_Turkish

Останати
објави

Сподели на...