Не се откажуваме од барањето за олеснување и подобрување на условите за работа на истражувачките новинари. Имено, ССНМ бара од Владата да овозможи бесплатен пристап за истражувачките новинари до јавните документи на Централен Регистар и Катастар на Република Македонија. Ова барање беше презентирано на првата средба со премиерот Заев, а повторно актуелизирано на редовниот бринфинг на новинарите во Владата.
ССНМ смета дека пристапот трема да му се овозможи на секој новинар кој ќе достави писмено барање заверено со печат и потпис од главниот уредник на медиумот во кој анагажиран и за чии истражувачки цели се прибавува јавната исправа, независно дали новинарот е формално вработен или е фриленсер.
ССНМ е цврстои уверен дека барањето за бесплатен пристап до јавните документи во Централен регистер и Катастар е од јавен интерес во функција на зголемена транспарентност и отчетност на носителите на јавните функции и работата на институциите и правните субјекти во државата и во насока на јакнење на истражувачкото новинарство како суштински столб на демократизацијата на општеството.
Затоа ќе инсистираме на ова наше барање, како и на другите барања за системски реформи во медиумите, скартување на рокот за одговор на прашањата поставени согласно Законот за пристап до информации и подобрување на севкупната атмосфера во која работат новинарите.