Понуда за колективно осигурување

Датум

Соочени со економски слаби медиуми кои најчесто не можат да ги осигураат своите вработени, а често ниту да им обезбедат формален работен однос ССНМ обезбеди можност за 24 часовно колективно осигурување преку АД за осигурување Триглав. Со тоа независно дали сте формално вработени или сте ангажирани преку договор за дело би биле осигурани преку ССНМ. Сумата за осигурување изнесува 100 денари месечно, а плаќањето би одело преку траен налог во вашата банка.
Ова осигурување важи за претрпена повреда на работа, дома, на одмор – со други зборови 24 часа во текот на денот.
Бидејќи станува збор за колективно осигурување ССНМ мора да обезбеди одреден број членови. Доколку сте заинтересирани се што треба да направите е да бидете член на ССНМ, да ни испратите мејл и телефон за контакт на следнава адреса ssnm.info@gmail.com

Останати
објави

Сподели на...