Совети за проверка на факти за уредници

Датум

Фактите се важни во секој вид пишување, особено во вестите и информативните текстови. Грешките во факти може да му наштетат на кредибилитетот на новинарот и да бидат засрамувачки, како и да ги иритираат читателите. Многу грешки во факти можат да се спречат, и тука уредниците стапуваат на сцена. Вашиот прв чекор е да ги идентификувате потенцијалните грешки во факти при пишувањето. Подолу се следните чекори:

  • Најдете најмалку два извори за потврда на информациите. Користете сигурни извори и веб страници.
  • Побарајте изворни материјали го авторот доколку е потребно. Споредете го текстот со записи, документи или белешки.
  • Верувајте му на инстинктот. Доколку нешто ви е чудно, проверете го. Не ризикувајте да се провлече грешка.
  • Не претпоставувајте. Не претпоставувајте дека она што е напишано е точно. Не претпоставувајте дека нешто што мислите дека го знаете е точно. Не претпоставувајте дека авторите и репортерите направиле точна математика (проверете ги бројките и одново пресметајте). Не претпоставувајте дека „фактите“ преземени од други медиуми се точни.
  • Анализирајте детално. Откако ќе најдете грешка, не сте завршиле. Може да се крие уште некоја. Внимателно анализирајте го текстот за да бидете сигурни дека не сте пропуштиле ниту една грешка.

Од Vicki Krueger

Останати
објави

Сподели на...