Средба во МТСП за стечајците од локалните радија

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска имаа работна средба со министерката за Труд и социјална политика, Мила Царовска, на која се разговараше за можноста новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на стечајците.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаисудис и претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја запозна министерката Царовска со нерешениот проблем со новинарите од локалните јавни радија. Чаусидис и Селмани побараа од Царовска сериозно да ја разгледат можноста за матерјална компензација на овие наши колеги и со тоа да се исправи една голема направда.

Претставникот на новинарите со статус на стечајен работник Љупчо Јакимовски во детали и објасни на министерката за целата голгота низ која поминале колегите од 2008 година, кога на нетранспарентен начин бил избришан еден став од член на Законот за стечајци со што тие го загубиле правото да бидат опфатени со него.

Министерката Царовска рече дека владата има политичка волја конечно да го реши прашањето со сите стечајни работници и вети дека сериозно ќе го разгледа барањето на ССНМ и ЗНМ и дека во најскоро време ќе ги извести за начинот на решавање на статусот новинарите стечајци од затворените локални радија

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>