Доколку имате идеја за голема приказна и сакате да ја напишете според највисоките новинарски стандарди, со квалитетно уредување и буџет за трошоци за длабинско истражување, а таа да биде објавена во различни регионални и глобални медиуми, аплицирајте за Балканската стипендија за новинарска извонредност.
Повикот за новинарски апликации за 2017 е во тек.
Секоја година, 10 истражувачки новинари се избираат преку јавен конкурс со цел да спроведат истражувања со регионално и пошироко значење. Темата за 2017 година е „промена“, а последен рок за пријавување е 8 март.
Може да аплицираат искусни новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија и Србија.
Избраните кандидати добиваат стипендии до 2.000 €, како и средства за трошоци за патување и истражување со уредничко водење и менторство, како и можност да присуствуваат на меѓународни семинари.
Најдобрите три стории избрани од страна на меѓународно жири ќе добијат и награди во износ од 4,000 €, 3,000 € и 1,000 €.
Крајниот рок за пријавување е 8-ми март 2017 година, а формуларот за апликација, упатства и дополнителни информации се достапни на http://fellowship.birn.eu.com.