• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Стратегии за подобрување на работните услови на новинарите

Како да се обликува иднината на новинарските синдикати и здруженија во Западен Балкан и Турција? Експертската група за работнички права Плус при ЕФЈ (LAREG+) составена од претставници од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, се состана на 10 април 2018 година во Скопје (Македонија) за да размени мислења за едногодишниот стратешки план за подобрување на работните услови на новинарите во регионот itunes 9 다운로드.

Овој состанок е последен од серијата обуки организирани во текот на 2017 и 2018 во рамките на проектот Градење на довербата во медиумите во Југоисточна Европа и Турција, финансиски поддржан од УНЕСКО и Европската унија. Целта на состанокот во Скопје беше да се разменат мислења за тоа што е постигнато на национално ниво во рамките на организациите во текот на претходната годината и за тоа кои треба да бидат главните стратегии за 2018 и 2019 sleepy music. Учесниците ги споделија националните извештаи образложувајќи ги главните предизвици и предложија препораки за подобрување на работните услови за новинарите и медиумските работници во регионот. Некои конкретни примери за активностите на национално ниво го вклучуваат следното:

  • Во Србија, новинарскиот синдикат (СИНОС) моментално следи медиумска стратегија која треба да биде објавена во 2018 и го идентификува отсуството на организации на работодавци како главен проблем за започнување на секторски општествен дијалог 구글포토 pc 다운로드. Синдикатот има развиено стратегија за адресирање на проблемот на највисоко ниво и ќе бара меѓународна помош за да ја постигне целта. Покрај тоа, СИНОС ја повтори содржината на обуката дадена во Подгорица за српските новинари 임금님의 사건수첩 다운로드.
  • Во Косово, здружението (АГК) соработува со трудовите инспектори во откривањето на прекршувањата на работничкото право. АГК размислува за можноста да го поддржи формирање на новинарски синдикат во Косово Windows MovieMaker 2016.
  • Албанските (АПЈА) здруженија ја подигаат свеста помеѓу нивните членови за тоа зошто е важно да се борат за своите права и како да ја постават агендата за работните услови на национално ниво.
  • Во Црна Гора, медиумскиот синдикат (СМСГ) лобира за вклучување на амандмани на законот за медиумите кој е моментално предмет на дискусија и очекува да го потпише својот колективен договор на ниво на гранка Ladder49.
  • Во Македонија, синдикатот (ССНМ) презема правни дејствија за авторските права помагајќи им на новинарите да ги заштитат нивните авторски права, особено преку правни совети и поддршка.
  • Во Турција, новинарскиот синдикат (ТГС) спроведе анкета помеѓу жените новинари за да ги открие нивните потреби и начините за нивно адресирање Download Dangerous Pets.

Па кој е следниот чекор? Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржа презентација за начинот на кој може да се обликува иднината врз основа на „управувањето со угледот на синдикатите“. „Се работи за угледот и брендирањето на вашите новинарски синдикати и здруженија“, рече таа Stimulus Battlefield. Градењето доверба кај вашите членови, подобрувањето на начинот на комуникација, утврдувањето на визија, мисија и вашите суштински вредности се само некои од клучните точки кои таа ги истакна. Учесниците дебатираа за неколку опции за развивање на нивниот углед.

По состанокот, учесниците се согласија да изготват едногодишен стратешки план во кој ќе ги утврдат приоритетите за подобрување на работните услови на новинарите во Западен Балкан и Турција Mobile Battleground Amed Hack. Покрај тоа, ќе биде издадено LAREG + списание, а ќе биде организирана и видео кампања и изложба на фотографии во мај 2018 година.

Делегацијата на ЕФЈ исто така се сретна и со Дамјан Манчевски, македонскиот Министер за информатичко општество и администрација, за да разговараат за претстојниот закон за информации кој треба да се усвои следната недела од Собранието, како и за регулирањето на пристапот до јавни документи hmmsim routes. Министерот зборуваше за можноста да се овозможат даночни олеснувања за организациите на печатените медиуми, „но владата нема финансиски да интервенира и да дава пари на медиумски компании соочени со потешкотии. Не сакаме да се мешаме во медиумската сфера“, додаде тој. Министерот исто така ја потврди својата намера да го зголеми пристапот до јавни документи за новинарите и граѓаните на Македонија и најави започнување а нов портал на отворени податоци за унапредување на транспарентноста и отчетноста во земјата. Во однос на лажните вести, министерот е отворен да ги поддржи новите предлози кои доаѓаат од членките на ЕФЈ (ЗНМ и ССНМ) за борба против оф-шор новински портали кои прават пари преку дистрибуција на лажни вести на интернет. “Саморегулацијата е нашата претпочитана опција за идентификување на новинари и неновинари“, рече Г-дин Манчевски.

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll Up