Првите зборови на секоја сторија се најважни. Со добар вовед, на публиката ѝ давате верување дека ќе вреди да ѝ посветат време на вашата сторија. Тоа е тешката задача на воведот.
Понекогаш воведот со магична леснотија ќе се испише на екранот. Но, најчесто, тој е производ на напорна работа на пушување и ревидирање. Направете го тестот за да утврдите дали вашите напори ќе вродат со јасен и интересен резултат.
Прочитајте го воведот на глас и поставете си ги следните прашања:
- Дали може да го изговорите во еден здив?
- Дали се мачите со изборот на зборови?
- Дали личи на нешто што биму кажале на пријател преку телефон?
- Дали ве тера на спиење или е збунувачки?
Одговорите ќе ви укажат на што треба дополнително да поработите.
Преземено од The Lead Lab.