Истражувачкиот директор на Глобална истражувачка новинарска мрежа Гери Прајс, кој е исто така и уредник на InfoDOCKET, и Марго Вилиамс, истражувачки уредник во The Intercept, ги споделија нивните топ 100 истражувачки алатки. Поради големиот број информации, побаравме од Вилиамс и Прајс да ги рефинираат алатките и истражувачките стратегии и да издвојат топ 10.
Што е основно за еден истражувачки новинар?
- Безбедност и приватност.Алатките за безбедност никогаш не биле поважни. Има толку многу информации кои ги откиваме без да знаеме. Вооружете се со знаење. Внимавајте на приватноста и научете како да го модифицирате начинот на кој може да бидете следени. Тоа е од основно значење за вашата лична безбедност и приватност. Прајс и Вилиамс препорачуваат користење на Tor и Disconnect.me за сајтови кои ќе им оневозможат на другите да ја следат вашата историја на пребарување.
- Најдете специјализирани сајтови и бази на податоци. Не правете генерализирано слепо пребарување. Размислете кој би можел да ги има информациите кои сакате да ги најдете. Бидете прецизни со клучните зборови. Дали датотеката која ја барате воопшто постои на интернет? Или теба самите некако да дојдете до неа? Дали треба да најдете архива? Или да извршите лично интервју? Прецизното штелување на вашето пребарување ќе ви заштеди многу време.
- Бидете во тек. Прајс го препорачуба Website Watcher. Оваа алатка го автоматизира целиот процес на пребарување така што ги следи вашите избрани интернет страници и праќа известувања за ажурирање кога има промени на страницата. Оваа алатка ви овозможува да бидете во тек, со малку труд. Повеќе нема потреба од освежување на интернет страницата одново и одново.
- Читајте одзади нанапред. Каде почнувате да барате информации? Повеќето луѓе почнуваат со насловот, но Вилиамс ни открива една тајна; таа секогаш почнува од фуснотите. Фуснотите информираат за содржината на статијата, и преку нив директно доаѓате до чисти информации ослободени од пристрасноста на авторот.
- Креирајте сопствена архива. Wayback Machine е дигитална архива на интернетот. Оваа страница ви овозможува да ги видите архивираните верзии на интернет страниците низ времето. Најважно, Прајс препорачува да ја користите оваа страница за да развиете сопствена архива. Wayback Machine сега ви овозможува да ги архивирате повеќето интернет страници и pdf. датотеки. Не ги чувајте сите извори на интернет страница до која нема да можете секогаш да пристапите. Сега можете да ги чувате датотеките не само на вашиот хард драјв, туку и да ги споделувате онлајн. Друг корисен ресурс за архивирање е Zotero, алатка за управување со лични податоци.Погледнете ги упатствата за користење на оваа неверојатна алатка тука. Исто така, може да креирате сопствени податоци со IFTTT. Гери Прајс ни покажува како се прави тоа:
6.Pop up Архива. Смачено ви е да прегледувате подкастови и видеа за да ги добиете информациите кои ви се потребни? Аудио и видео пребарувањата стануваат сè попопуларни и можат да ви заштедат неверојатно многу време. Тоа може да се прави со машини за пребарување како Popup Archive и C-SPAN.
- Игнорирајте ги извештаите на мејнстрим медиумите. Вилиамс игнорира страници како Reddit по секоја цена. Ваквите страници може да го однесат вашето истражување во погрешен правец, и може да добиете погрешен впечаток за она што е вистина. Прајс предупредува и на Wikipedia, од очигледни причини; секој, секаде и секогаш може да ја промени приказната како што сака. Останете љубопитни и продолжете да копате.
8.Marine Traffic Marinetraffic.com може да лоцира локации на бродови, пристигања и заминувања од пристаништа, а овозможува и следење на движењето бродовите. Погледнете го видеото на Прајс за FlightAware, пребарувач на податоци кој лоцира движење на авиони во реално време и ретроактивно.
9.Foreign Influence Explorer Потребни ви се информации за влади и следење пари? Foreign Influence Explorer ќе го направи вашето пребарување многу лесно. Оваа машина за пребарување ви овозможува да дознаете на што луѓе и држави трошат пари, со точно време и датуми.
10.Ако го користите Google… Користете го добро. Потенцијалот на Google ретко кога целосно се користи. Како за општа машина за пребарување, може да добиете екстремно конкретни резултати доколку знаете како. Вилиамс објаснува дека Конгресот има многу лоша машина за пребарување на нивната интернет страница, но доколку го користите google, можете подобро да го рефинирате вашето пребарување така што ќе ги впишете клучните зборови до “site:(URL)”. Можете да го добиете и времето и датумот на објавување. Погледнете ја видео презентацијата за напредно пребарување на Google