ЕФН: Стоп за апсурдните обвиненија против Кежаровски

Датум

efjЕвропската федерација на новинари (ЕФН), ја изразува својата длабока загриженост во врска со случајот на македонскиот новинар Томислав Кежаровски и бара да бидат стопирани сите „апсурни“ обвиненија против него.
Во писмотото на ЕФН до македонскиот амбасадор Андреј Лепавцов се вели дека Кежаровски е неправедно казнет за откривање на идентитетот на полицискиот сведок и за неоткривање на своите извори.
„Длабоко сме разочарани што вашата Влада продолжува да ги занемарува основните меѓународни начела и вредности на независното новинарство и не прави ништо во насока на заштита на слободата на печатот, истражувачкото новинарство и слободата на изразувањето“ се вели, меѓу другото, во писмотото на ЕФН до македонскиот амбасадор во Брисел.
ЕФЈ воедно ги повикуваат македонските власти да преземат итни и соодветни чекори за новинарството да престане да биде социјално и економски најопасната професија во вашата држава.
Најголемата новинарска организација која претставува над 320.000 медиумски професионалци во повеќе од 60 држави воедно побара од сите свои членки да испратат писма до македонските амбасадори во нивните земји со иста порака за ослободување на Кежаровски.

Останати
објави