Нацрт колективниот договор претставен во Штип и Тетово

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), го претстави Нацрт колективниот договор за медиумска индустрија во Тетово и Штип.

20151031_125144 (2)Новинарите и медиумските работници беа информирани за значењето на овој документ, како и бенефиците кои произлегуваат од неговото потпишување.

Предлог колективниот договор е клучен документ за заштита и подобрување на работничките права, а во негова изработка  беа вклучени новинари, уредници, фоторепортери, сниматели, монтажери , тонци и други стручни лица.

 

Најчесто поставувано прашање:

Дали Нацрт колективниот договор вклучува бенефициран стаж за вработените од медиумскта индустрија?

-Колективниот договор не вклучува бенефициран стаж, како и во досегашната европска пракса, тоа се регулира со системски закон – Закон за работни односи.

 

Извадок од Нацрт колективниот договор:

Право на автоматско напредување

Член 17

(1) Новинарот или медиумскиот работник автоматски напредува во новинарскиот или неговиот професионален статус, според должината на работниот стаж поминат на истото работно место и тоа:

– до 2 години стаж => помлад соработник;

– од 2 до 5 години стаж => соработник;

– од 5 до 10 години стаж => постар соработник;

– од 10 до 20 години стаж => новинар-коментатор (или новинар/снимател/ фоторепортер-ментор);

– над 20 години стаж => уредник по звање.

(2) Врз основа на годините на работен стаж во струката и другите медиумски работници напредуваат во стручниот статус, во согласност со критериумите и правилата на професијата, а со ваквото унапредување во повисок статус на работникот соодветно му припаѓа и повисок коефициент за плата.

(3) Напредувањето во текот на работата со кое работникот добива поголема одговорност подразбира и склучување на нов договор за вработување, односно дополнување на постоечкиот договор со анекс.

Останати
објави

Сподели на...