Во сабота на 14 ноември се одржа редовно годишно Собрание на ССНМ на кое се избираше нов Извршен одбор и се гласаше за претседател.
За претседател со нов мандат е избрана Тамара Чаусидис, која беше едиствен кандидат.
За членови на Извршен одбор се избрани:
Маја Томиќ
Марија Севриева
Маја Јовановска
Дарко Чекеровски
Тео Блажевски
Владо Апостолов
Тамара Грнчароска
Филип Ѓурчиновски
Роберт Атанасовски
Марија Митевска
Јане Димески
Христина Јованова
Љубиша Станковиќ
Собранието воедно донесе одлука за формирање Совет на основачи кое е советодајно тело во кое по автоматизам влегуваат сите членови на органите на ССНМ (Извршен, Надзорен одбор, Статутарна комисија) по истекот на нивните мандати. Во Советот со одлука на мнозинството, можат да бидат поканети да учествуваат и припадници на медиумската заедница кои не се членови на синдикатот , но се потврдиле како негови поддржувачи и можат да придонесат со своето искуство и експертиза за подобро работење. Советот на основачи има мандат да ја следи работата на извршните органи на ССНМ, да дава препораки кои Извршниот ги разгледува.
Собранието донесе одлука и за преиспитување на учеството на ССНМ во Повелбата за солидарност, со оглед на најавите за формирање партија Левица од страна на дел од учесниците во Повелбата. Новото раководство е задолжено да побара објаснување за партиското активирање на дел од учесниците на Повелбата и да донесе одлука за замрзнување на соработката доколку таа може да партиски да го обои делувањето на ССНМ.
Едногласно се усвоени Извештајот за работата и Финасовиот извештај на ССНМ. На Собранието како гостин учествуваше и потпретседателката на Меѓународната федерација на новинарите Јасмина Поповиќ.