Во присуство на голем број колеги, музичари и пријатели во Клубот на новинарите во Скопје на 6 мај е промовиран албумот на новинарскиот бенд „Репортерс“.
Новиот албум содржи седум рок-песни, а парите од продажбата на цедето и од концертите се наменети за солидарниот фонд за помош на новинарите и на медиумските работници, кој веќе е формиран.
„Ова е наш влог за солидарност и слобода“ изјави на промоцијата Драган Антоновски, потпретседател на ССНМ и дел од групата „Репортерс“
Бендот е составен од Борјан Јовановски тапани, Петрит Сарачини (Амон Мра), вокал, Жарко Димитриовски, соло гитара, Драган Антоновски, ритам гитара, Стојан Трпчевски, вокал и клавијатура и Миле Бошњаковски, бас гитара.
Проектот се спроведува во соработка со ЗНМ,а е поддржан од Амбасадата на САД.
Новинарскиот бенд заедно со претставници на СНМ и ЗНМ ќе имаат уште уште неколку настапи низ Македонија проследени со дебати за промоција на професионалната солидарност и етика.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје