Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на 14.12.2015 (понеделник) во хотел Холидеј Ин, во 10 часот, организира конференција „ За медиумските работи“.
Поздравно обраќање ќе одржат Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет и претседателот на ЕФН, Могенс Блишер – Бјерегард.
На конференцијата, министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска –Ременски ќе се осврне кон актуелните предизвици на министерството во однос на синдикализмот.
За состојбите на синдикатите, новинарите и медиумите ќе говорат Тамара Чаусидис (претседателка на ССНМ), Дејан Глигориевиќ (претседател на Синдикатот на новинари на Србија) и Јасмина Поповиќ ( Синдикат на новинари на Хрватска).
На конференцијата ќе бидат претставени – нацрт колективниот договор и Стратегијата за лобирање на ССНМ.
Поканети се новинари и медиумски работници да го проследат настанот.
Настанот е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.