Кежаровски е илустрација на политичкото влијание врз новинарството

Датум

Sovet na EvropaСлучајот на македонскиот новинар Томислав Кежаровски се најде и во извештајот на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс. Во извештајот насловен како „Алармантната состојба на слободата на печатот во Европа“ (“The Alarming Situation of Press Freedom in Europe” ) се посочува дека токму „притворот на Томислав Кежаровски, од весникот Нова Македонија, го покажа, појасно од кој било друг случај, степенот на политичкото влијание врз слободата на печатот“.
Во своето излагање Комесарот за човекови права наведува 8 чекори кои треба да бидат преземени, меѓу кои како прв се наведува потребата од   препознавање, а не негирање и игнорирање на проблемот на намалување на слободата .
“Владите треба да сторат повеќе во насока на заштита на слободата на печатот така што ќе ја препознаат критичната состојба и ќе го следат насилството врз новинарите“ вели Мужниекс.

Целиот извештај можете да го прочитате на слениов линк.

Останати
објави

Сподели на...