Клевети и клевети

Датум

Се сеќавате ли на извесен Бошко Нелковски? Тој, некаде до половината на минатата година, беше директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

кого Владата некаде во ова време минатата година го разреши од оваа позиција по бројните укажувања и од Европската комисија и од овдешната јавност дека нерационално ги троши европските пари. Човекот од кого се откажа и власта и неговата матична партија, сепак, успеа да собере сили и да тужи ена новинака од тогаш печатениот неделник „Глобус“. Наспроти сите логични премиси, новинарката, како што (не)проверено дознаваме, е осудена на глоба од три илјади денари. Наводно, нејзина изјава по пресудата е дека се надева дека Нелковски нема да ја бара правдата на повисоките судски инстанци, зашто по договорот меѓу Владата и ЗНМ лесно може да се очекува оваа казна да биде зголемена.

 

 

 

Останати
објави

Сподели на...