Во Македонија има новинари ама тие немаат медиуми, или се на улица или се дел од социјалните мрежи он лајн, но како и да е традиционалните медиуми за нив се заклучени.
Оние кои се во нив, телевизите, весниците, во најголем дел се под капата на власта со скриени газди и порано или подоцна прифаќаат сè! Медиумскиот амбиент се отсликува преку етикетирање, дезинформации и оној вокабулар: „предавници и патриоти, рекетари, пушачи, полтрони и без’рбетници, фашисти, соросоиди, курири- непрофесионалци“, и сите заедно, сè тоа, не става на дното според слободата на медиумите.
Власта и професионалците сега се во фаза на директен судир на борба за слобода, пркос и протест. Новинарите со факти, тие со лустрации, местенки, затворања и откази за новинарите…
Погледнете го најновиот документарец на Драган Антоновски.