Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вечер ќе ја додели на наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019 со почеток oд 19:30 часот, во Јавна Соба.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во 2018 година ја воспостави годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ која го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец. Медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството.
Церемонијата ќе започне со панел дискусија на тема: Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро? По панел-дискусијата ќе биде доделена наградата за Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец за 2019 година.
Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM, Институт за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамките на проектот “Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.
#НеделаПротивЛажнитеВести #СтопЛажниВести #stopdezinformacii #StopFakeNews #BeCleverOnline #БидиУменОнлајн #СтопДезинформации #ЕУзаТЕБЕ