Доделување на „ЕУ награди за истражувачко новинарство“ 2019

Датум

Церемонијата на доделување на „Награди од Европската Унија за истражувачко новинарство“ 2019 за Македонија, која е огранизирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со Балканската истражувачка репортерска мрежа од Сараево,  ќе се одржи утре (петок) со почеток од 12 часот во Јавна соба. На церемонијата ќе бидат доделени награди на три најдобри стории објавени во 2018 година.

На церемонијата ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, кој ќе ги додели наградите, членови на дипломатскиот кор, како и истакнати новинари од земјава и странство.

„Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Tурција.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ги координира активностите поврзани со конкурсот во Македонија.

Останати
објави

Сподели на...