Најниски неплаќања

Датум

Две локални телевизии во Источна Македонија, чиј капитал е врзан со фабрики за чевли, своите вработени ги пријавуваат како чевларски работници.

Причината е едноставна – придонесите во текстилната и кожарската индустрија се најниски во целото стопанство. Со оглед на фактот дека во целата држава на огромен број вработени во медиумите воопшто не им се плаќаат никакви придонеси, човек ќе рече дека е подобро нешто отколку ништо. Но, ете, како што дознаваме, дури ни тие најниски стапки не се плаќаат или не се плаќале редовно, па на вработените во овие фирми им недостасуваат по две, три, па и пет години од стажот.

 

Останати
објави

Сподели на...