Не се согласувај на отказ!

Датум

  ССНМ се почесто добива информации за отпуштања во медиумите и тоа на начин на кој  новинарите и медиумските работници се повеќекратно оштетени.

Имено, покрај губењето на работното место тие се изманипулирани да потпишат спогодбен отказ со што му олеснуваат на работодавачот односно на правната служба на работодавачот,  а ги губат сите погодности и целата заштита што по Закон им следува.
Затоа е многу важно секој вработен да знае дека е најдобро за него да  НЕ се согласува со отказ!
Најчести причини за отпуштање во медиумите се економските кои во Законот се именуваат како деловни причини. Иако  образложението што го добиваат колегите кога ги информираат за отказ е немањето пари, односно кризата во која е медиумот  што значи дека се отпуштаат од деловни причини на луѓето никогаш не им се кажува дека во случај на отказ од деловни причини – работникот има право на паричен надоместок од Заводот за вработување (согласно Закон). Во  зависност од стажот тој надоместок може да биде од 2 –  12 месеци. Со потпишување на спогодбен отказ – ти се откажуваш од тие пари!
И  тогаш кога отказот е поради „вина на работникот“ – со што често им се закануваат на колегите кога тие ќе одбијат да потпишан спогодбен отказ, дури и тогаш  тоа е подобра ситуација отколку доброволно заминување. Имено,  во тој случај работодавачот , односно правната служба на медиумот,  мора да спроведе цела серија постапки што на работникот му дава време да побара нова работа или да ја оспори одлуката (што доколку сте член на  ССНМ е работа на нашиот адвокат). Дури и да загуби во таква процедура на крајот работодавачот е обврзан да даде отказен рок  кој најчесто е месец дена, што дополнително  го одложува моментот кога работникот ќе се најде без работа и без плата.
Затоа не попуштајте под притисоците, нема зошто да калкулирате – ако работодавачот сака да ве отпушти не му ја олеснувајте работата! Не се согласувајте со отказ – нека ве отпуштат по законска процедура!
Се е подобро отколку да останете без работа и без плата преку ноќ!
Се е подобро од тоа да бидете мирна и покорна жртва!

Останати
објави

Сподели на...