Adria Media Group (AMG), голема српска издавачка куќа, објави на 1 август дека ќе престане да го издава српското издание на популарното американско списание Newsweek.
Сметките на AMG во Народна банка на Србија беа замрзнати од страна на српските власти на почетокот на јули, извести групацијата. AMG ја обелодени изјавата на Даночната управа од 6 јули во која се вели дека сметките се блокирани „за да се обезбеди наплата на јавен приход за кој контролна постапка е во тек, бидејќи постои ризик дека даночниот обврзник ќе ја загрози, оневозможи или ќе ја направи неефикасна“. Барањата за дополнителни образложенија биле одбиени од даночната управа, како што се вели во известувањата, со образложение дека нивните причини се „доверливи“.
Членката на ИФЈ/ЕФЈ, Независното новинарско здружение на Србија (НУНС, истакна дека „жали и изразува загриженост за затворањето на списанието Newsweek Serbia. Newsweek, кој има професионална уредувачка политика и разновидна содржина, особено во однос на специфични некомерцијални теми од јавен интерес, има посебно месо на српската медиумска сцена. Без да га брани тврдењата на AMG, НУНС верува дека медиумскиот пазат во Србија е политички контролиран и дека во пракса не се споведени законски пропишаните правила и механизми за обезбедување на слобода на медумите.“
Здружението на новинари на Србија (УНС), исто така членка на ИФЈ/ЕФЈ „жали секогаш кога се затвора кога медиум кој придонесува кон различни мислења и разобличува важни прашања“, рече претседателот на УНС, Владимир Радомировиќ.
AMG поднесоа кривична пријава против Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и Драгана Марковиќ, директорска на Даночната управа на Србија, во која тврдат дека се жртви на „брутални оцрнувачки кампањи против претседателот на AMG Александар Родиќ и сите вработени во компанијата, кои Министерот ги води во провладините медиуми“.
Newsweek е популарно американско списание со 12 изданија на глобални јазици и 4 англиски изданија во светот. Newsweek Serbia започна како неделно списание во јануари 2015 година откако AMG ги откупи издавачкитеп права кон крајот на 2014 година. Во јуни 2016 година, AMG го намали тиражот и почна да се издава еднаш месечно.