Која е мисијата и што се задачите на Синдикатот?Каква е улогата и одговорноста на синдикалните претставници?Во какво опкружување делуваме?
– Ова се само некои од прашањата за кои се разговараше во петокот во Скопје на обуката за синдикални претставници и активисти што ја водеше Маре Анчева, генералне секретар на СИЕР (Синдикат на работниците од индустријата и енергетиката) и сертифициран синдикален тренер.
Учесниците на оваа работилница која беше конципирана како интерактивна дебата и размена на мислења заминаа со одговори кои можат да им помогнат не само во нивното разбирање на синдикализмот туку и во објаснувањето на другите членови што е и што може да се очекува од Синдикатот, каква е разликата помеѓу Синдикатот и невладините организации, кои се неговите предности, а што се ограничувањата.
Обуката дел од проектот ЛОТКО од Меѓународната федерација на новинарите наменет за јакнење на капацитетите на Синдикатот на новинарите и медиумските работници .