Одговорот на МВР за инцидентот во Собранието е израз на цинична ароганција која е постојано присутна во дијалогот на институциите со новинарите . На дело е операција за релативизирање на инцидентот. Впрочем со таа цел е и одговорот на МВР – не станува збор за употреба или неупотреба на прекумерна сила, туку за постапка во која новинарите биле отстранети насилно од своите работни места. Што се однесува до одговорноста- доколку полицијата реагирала на наредба на парламентарниот спикер – одговорноста мора таму да се адресира. Она што како медиумска заедница не смееме да дозволиме е овој преседан да помине со префрлање на одговорноста и смешни изјави на жалење кое дури не е ниту извинување и да не дозволиме некој во наше име да го релативизира целиот инцидент. Синдикатот тука нема дилеми , она што се случи на 24 декември е пример за суспендирањето на демократијата и медиумските слободи. Секој што ќе се обиде да го оправда или да му го намали значењето ја презема одговорноста да биде соучесник во газењето на елементарното право на професијата – да биде сведок на настани од јавен интерес.
- +389 2 2671 201
- contact@ssnm.org.mk
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје