Новинари, медиумски работници: Одиме на протест!

NE ZA PRIDONESIКолеги донесена е одлука за протест! Потписниците на Повелбата за солидарност, поддржани од голем број организации и поединци решија да протестираат заради давачките на авторските и договорите на дело, заради лажните социјални мерки кои ќе не остават со 35% помали хонорари, без перспектива за вработување, без загарантираните права од Законот за работни односи!

Ако ви е добро, ако ви е ладно, ако ве мрзи – тогаш седете си во топлите редакции, додека можете и имате каде да седите, нема да помине многу – ќе се затворат и она малку критички медиуми, а осилените од реклами подуени „менаџери“ во оние другите на крај ќе ви бараат вие да им плаќате за да работите, оти главните текстови таму и така новинари не ги пишуваат, а вас ќе ве бркаат како вишоци без многу мака со телефонски пораки и мејлови.Оти им се може, оти сите ќе станете хонорарци!

Новинари, хонорарци и остали! Сега мора да покажеме дека се спротивставуваме. Ова сите не засега!

В понеделник (22 декември) во 12 часот се чекаме во Жена парк во Скопје! Облечете се добро (ќе студи), вооружајте се со упорност, победете ја малодушноста и дојдете!

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn