Отпуштања и вработувања

Датум

Со образложение дека „не израснала во вистински новинар“, деновиве и е откажана соработката на една долгогодишна новинарка на

внатрешно-политичката рубрика на еден наш весник. Истовремено е откажана и соработката со еден од техничките уредници на истиот весник (ангажиран, исто така, на хонорарна основа). Неофицијално, што значи и (не)проверено, дознаваме дека во моментот кога овие двајца колеги добиваат „шут-карти“ од нивната матична куќа, во истиот весник е примена во постојан работен однос преведувачка од англиски јазик, која, сосема (не)проверено, е во блиски роднински врски со првиот човек на  фирмата што го издава весникот

Останати
објави

Сподели на...