Outriders: Локални новинари здружено известуваат за глобални проблеми

Утрото на 5 мај, осум новинари од осум различни земји започнаа, користејќи го хаштагот

#DeepBreath и мултимедијалното известување, да објавуваат стории за загаденоста на воздухот. Во текот на следните 24 часа, секој од новинарите работеше со едно лице кое нудеше единствен глас за загаденоста: од доктори, активисти, истражувачи, до луѓе загрозени од тие проблеми. Новинарите и фоторепортерите симултано го објавуваа својот работен процес на социјалните мрежи, со фокус на Facebook и Instagram. Покрај тоа, целиот материјал кој го произведоа во текот на 24 часа е објавуван и на официјалната страница.

 

Ваквото 360 степени известување во живо на интернет просторот резултираше со нов проект на организацијата Outriders. Комбинирајќи го искуството и знаењето на локалните новинари со новата технологија, тимот од Outriders на единствен начин ја приближи до читателите проблематиката на загаувањето на воздухот. „Она што ние во Outriders сакам да го докажеме е дека иновативното не значи најлошо; нашата идеја е да го преведеме традиционалното новинарство на дигитален јазик. За проектот  #DeepBreath избравме да соработуваме со локални новинари, искусни репортери и фоторепортери. Тие најдобро ги знаат проблемите од нивните земји и во можност се тоа да го стават во прав контекст, истакнува Магдалена Чодовник, новинарка од Полска и координаторка на проектот #DeepBreath.

Во проектот #DeepBreath учествуваа осум новинари од разни земји од светот: Чара (прекар) од Кина, Маурицио Палос (Мексико), Махмуд Катаб (Египет), Бенџамин Филарски (Непал), Мариа де ла Гарда (Авганистан), Брајан Џајби (Кенија), Вишал Манве (Индија), Магдалена Чодовник (Полска).

Магдалена, која истовремено работеше на координација на останатите седум новинари од овој проект, но и известуваше од Краков за проблемите со загадувањето, истакнува дека начинот на кој денес работат новинарите повлекува многу прашања.

„Новинарите со кои ние соработувавме завршија одлична работа, и тоа не само во смисла на креирање на нови содржини и раскажување приказни на кратко но интересен начин. Тие исто така покажаа големо ниво на професионализам, подготвеност за работа, како и следење на новинарската етика и протокол.“

Ова е трет проект на тимот на Outriders во кој беа водени од идејата дека глобалните проблеми треба да се испитуваат од локално ниво и со користење на потенцијалот на разни дигитални платформи. Кога се работи за проектот #DeepBreath, како што објаснува Магдалена, она што сакале да го сторат е да комбинираат приказни од земји кад смогот и загаденоста се очигледен проблем, со оние земји во кои оваа проблематика е сé уште неистражена.

„За следниот проект ќе го примениме истото сценарио. На овој начин сакаме да им покажеме на луѓето што би можело да се случи доколку не реагираат на време“.

Концептот на локална перспектива и глобална покриеност е нешто многу важно за тимот на Outriders. Магдалена истакнува дека слоганот „делувај локално, размислувај глобално“ одамна се споменува но таквиот пристап не се применува во повеќето медиуми.

„Постојат проблеми кои влијаат на огромен број луѓе во исто време. Како на пример прашањето на миграцијата. Околу 60 милиони луѓе во светот се оттргнати од својата средина од бројни причини – од војна и конфликти до ефектите на климатските промени. И ние новинарите мора да научиме како да покриваме глобални проблеми на глобален начин без да ги заборавиме личните човечки приказни. Медиумите донекаде успевале досега, но и занемарувале брони делови од светот. Според моменталната статистика, се очекува некаде помеѓу 150 и 250 милиони луѓе да мигрираат до 2050. Како ќе се носиме со таа приказна, ако ни е тешко да известуваме за 60 милиони“, објаснува Магдалена.

Еден од учесниците во проектот е Маурицио Палос, документиран фотограф од Мексико, кој известуваше за  #DeepBreath за загадувањето од перспектива на научницитек кои зборуваа за работата која тие ја вршат.

„Мора да се прилагодиме на новиот дигитален јазик, доколку скааме приказните на кои работиме да имаат поголем ефект во општеството“, истакува Маурицио.

Комплетниот материјал кој го произведоа новинарите на 5 мај е достапен тука. Маурицио вели дека со оптимизам ја прифатил можноста да учествува во креирањето на материјал од Мексико бидејќи верува дека конечниот извештај ќе покаже како различни земји се соочуваат со загадувањето на воздухот и што човештвото може да очекува.

„Самиот факт дека работевме во реално време предизвика голема љубопитност, како и тоа дека произведовме голема количина на информации во кои фокусот е на еден одреден ден кога зборуваме за загадувањето на воздухот“, наведува Маурицио.

Покрај оригиналната идеја во која бројни новинари од целиот свет известуваат во стварно време за проблемите кои, конечно, ја засегаат глобалната политика, факт што целиот процес на работа во текот на тој ден на известување беше објавуван на интернет допринесува за транспарентноста на проектот.

Јакуб Горницки, основач на Outridersa, надедува дека интерактивното и оригинално известување исто така бара време, но и пари.

„Нашата намера е да бидеме потполно транспарентни во начинот на кој работиме, но и сакаме да им објасниме на нашите читатели што е потребно за ваквото известување воопшто да може да се изведе.“

Крајната цел на извештајот на Outriders е да допринесе во конструкцијата на знаењето и разбирањето на публиката, која преку нивната работа може да формира нови перспективи за проблематиката за која пишуваат новинарите. Кога се работи за реакцијата на публиката на моменталниот проект #DeepBreath, Јакуб истакнува дека најголемиот успех би бил кога публиката би се приклучила кон дискусијата.

„Тоа би ни дало моќ да работиме уште понапорно на овакви содржини.“

Од друга страна, овој проект предизвика голем интерес во онлајн просторот и Јакуб исто така истакнува дека тоа е една од работите на која се надевале, но не очекувале дека ќе се случи толку брзо.

„Прво не споменаа на Journalism.co.uk а сега вие не интервјуирате. Тоа на некој начин ни потврдува дека ако имате добар тим и ако приказната е интересна, тогаш можеме да продолжиме да го работиме она што највеќе го сакаме – да известуваме.“

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>