МНФ и ССНМ ја промовираа Белата книга

Во присуство на новинари, уредници, синдикалисти, правници и дипломати на 21 март ССНМ ја промовира Белата книга за професионалните и работни права на новинарите. На настанот присуствуваа претседателот на Меѓународната федерација на новинарите Џим Боумела и потпреседателката Јасмина Поповиќ. Во поздравниот говор Боумела му честиташе на ССНМ што од неодамна е унапреден во полноправна членка на МФН за залагањата…

Повеќе

Еднаквост за новинарките и медиумските работнички

Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници по повод меѓународниот Ден на жената бара од медиумските организации и од властите да ја препознаат, да алармираат и да ја запрат дискриминацијата на новинарките и медиумските работнички, да ги урнат бариерите, а трудот на жените да го вреднуваат еднакво како и на мажите. ССНМ бара и сите засегнати да се спротистават на…

Повеќе

ТВ СИТЕЛ забранува синдикат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници алармира за флагрантното кршење на правото за слободно здружување и синдикално организирање на наши членови во ТВ СИТЕЛ. Имено, до ССНМ е испратен плик со исписници, со идентичен, однапред исчукан текст потпишан, за два дена, од страна на членовите. Ова упатува дека станува збор за извршување на наредба…

Повеќе

По година дена никој не презеде одговорност

Фото: Радио Слободна Европа Денеска се навршува точно една година од инцидентот во Парламентот кога собраниското обезбедување насилно ги исфрли новинарите од законодавниот дом и со тоа грубо го прекрши Уставот на Република Македонија. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потсетува дека година дена по инцидентот се уште никој не понесе директна одговорност за тоа што на претставниците…

Повеќе

За законот за медиуми

ССНМ ги информира членовите и јавноста дека не бил известен и консултиран за намерите на ЗНМ да одржи заедничка прес конференција со министерот за информатичко општество на која е соопштена согласноста за усвојување на медиумските закони и тоа по итна постапка. Очекувањето за известување и консултација ССНМ го темели врз основа на тоа што досега четири организации, ЗНМ, ССНМ…

Повеќе

Протест за Кежо

Специјални полициски сили денеска ги спречија неколкуте стотини новинари, медиумски работници и граѓани со молк да го искажат својот протест заради затворската казна од 4 и пол години на колегата Томислав Кежаровски пред Музејот  на македонската борба за државност и самостојност во центарот на Скопје. Кордон специјалци не им дозволи на протестантите да се доближат до Музејот со оттурнување…

Повеќе

Одговорот на МВР е циничен

Одговорот на МВР за инцидентот во Собранието е израз на цинична ароганција која е постојано присутна во дијалогот на институциите со новинарите . На дело е операција за релативизирање на инцидентот. Впрочем со таа цел е и одговорот на МВР – не станува збор за употреба или неупотреба на прекумерна сила, туку за постапка во која новинарите биле отстранети…

Повеќе

Не се согласувај на отказ!

  ССНМ се почесто добива информации за отпуштања во медиумите и тоа на начин на кој  новинарите и медиумските работници се повеќекратно оштетени. Имено, покрај губењето на работното место тие се изманипулирани да потпишат спогодбен отказ со што му олеснуваат на работодавачот односно на правната служба на работодавачот,  а ги губат сите погодности и целата заштита што по Закон…

Повеќе

Хес и „без секого се може“

Појавата на некролозите во весниците на МПМ „Вест“ и „Дневник“ во кои „почитувачите на неговото дело“ ја одбележуваат 25-годишнината од смртта на нацистичкиот лидер Рудолф Хес можат да послужат за една посериозна социо-антрополошка анализа на степенот на општествената патологија во која се наоѓа македонското општество, но исто така се добар индикатор и за состојбите во овдешната медиумска индустрија. Наводно,…

Повеќе

Половични хонорари

Сте слушнале ли ваква формулација „се користат ресурсите на медиумот за потребите на друг, а при тоа новинарот профитира“. Оваа реченица во превод значи дека новинарот дел од својот хонорар е принуден да му го врати или исплати на сопственикот на медиумот. Најчесто станува збор за електронски медиуми, кои добиле проекти, а газдите од буџетот наменет за хонорари за извршителите…

Повеќе