Поддршка и солидарност со колегите од „Време“ „Шпиц“ и „…е ре“

Датум

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) ги поддржува вработените во весниците „Шпиц“,„ Време“ и „… е Ре“ во нивните барања за исплата на личните доходи и на придонесите кои не им се подмирени.

ССНМ бара од УЈП да потврди дали  средствата кои беа понудени како гаранција во судскиот процес за случајот „Пајажина“се слободни и се на располагање на работодавачот или се блокирани за наплата на неплатениот данок.

Доколку средствата понудени за гаранција се слободни бараме од ПЛУС Продукција веднаш да ги исплати заостанатите плати и давачките за вработените. Во спротивно се остава простор за сомневање дека раководството има калкулантски пристап и работи на штета на нашите колеги.

ССНМ го повикува работодавачот да им овозможи непречен влез на новинарите во трите редакции, за да можат да ги подигнат личните работи кои им останале на работните места пред да бидат испратени на принуден одмор.

Воедно  апелираме до УЈП, судот и до останатите државни институции во сите правни правните постапки да ги почитуваат и заштитат правата на новинарите и медиумските работници кои им следуваат според Законот за работни односи .

ССНМ изразува крајна загриженост и неподелена солидарност со колегите кои  со згаснувањето на трите весници, од први август остануваат без работа .

Останати
објави

Сподели на...