Поддршка за протестот на СИЕР

Датум

 Извршниот одбор на ССНМ реши јавно да го поддржи најавениот протест на Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) заради измените на Законот за вработување и заштита од невработеност

 со кои се намалува периодот за заштита на повозрасните работници прогласени за технолошки вишок. Станува збор за уште еден од низата драстични кратења на работничките права кои според некои проценки од почетокот на транзицијата до денес се намалени за 80%.Аргументите на власта дека рокот од 5 години колку што трае заштитата на работниците пред пензија се злоупотребувал, покажува само дека  и оваа како и претходните владеачки гарнитури  многу лесно ја лоцираат и санкционираат злоупотребата од страна на работниците, но онаа што ја прават рабодотавачите  иако е очигледна никако да ја видат. Примери за тоа се: бланко отказите кои се широко распространети во приватниот сектор, злоупотреба на договорите за вработување, пријавување на пола работно време и многу други.Затоа недвосмислено го поддржуваме протестот на СИЕР и ве охрабруваме да го сторите истото.

Останати
објави

Сподели на...