ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

Датум

logo-big1.png

ССНМ уште еднаш ја реафирмира својата недвосмислена поддршка на Студентскиот пленум како автентичен изблик на студентско самоорганизирање и неговиот протест во петок (26.12.2014) насочен против државниот испит во високото образование кој власта се обидува да го наметне набрзина и без јавна дебата.

Членовите на Студентскиот пленум не треба да се откажуваат од досегашниот начин на борба, мирно и аргументирано да ги соопштуваат ставовите, иако властите се оглушуваат на нивните аргументи и бегаат од соочувања со студентите.

ССНМ ги повикува своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност да ја искажат со тоа што ќе им се придружат на студентите и професорите кои ќе протестираат, а при информирањето ќе се придржуваат на професионалните принципи, ќе ја одбијат наметнатата пропаганда која се коси со професионалната етика и ќе се борат против цензурата и автоцензурата со која се соочуваат во своите редакции.

Останати
објави

Сподели на...