Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напада врз десетици новинари и медиумски работници е поразена. Поразено е со храброста на колегите кои и покрај опасноста го регистрираа беснеењето на насилниците и пасивноста на полицијата. Затоа нема дилеми дека од денеска започнува процесот на, не само декларативно туку и реално повикување на одговорност не сите оние кои инспирираа, дозволија и спроведоа акти кои се срам за едно цивилизирано општество. Полицијата, ЕБР и тие што со нив командуваат се директно одговорни еднакво како и оние хулигани кои по ходници ловеа новинарски екипи, тепаа, навредуваа, уништија мобилни и опрема – не случајно, свесни дека токму регистрирањето на нивното дивеење е доказ кој ќе ги донесе на суд. Бараме од органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти. Се друго ќе значи соучесништво со насилниците. ССНМ и ЗНМ нема да престанат со активностите кои ќе резултираат со изведување пред лицето на правдата на сите кои синоќа ни покажаа до каде и кон каде водат политиките на омраза и поделба, на замолчување на новинарите кои се очите но и совеста на јавноста.
- +389 2 2671 201
- contact@ssnm.org.mk
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје