Половични хонорари

Датум

Сте слушнале ли ваква формулација „се користат ресурсите на медиумот за потребите на друг, а при тоа новинарот профитира“.

Оваа реченица во превод значи дека новинарот дел од својот хонорар е принуден да му го врати или исплати на сопственикот на медиумот. Најчесто станува збор за електронски медиуми, кои добиле проекти, а газдите од буџетот наменет за хонорари за извршителите на проектот, односно новинарите, барале да им се врати половината. Во еден од тие случаи, на пример, во едно радио, овојпат од Централна Македонија, новинарот врз база на проектот на трансакциска примал месечен надомест од 12.000 денари, од кои бил принуден 6.000 денари да му дава на рака на газдата на радиото. За волја на вистината, не слушнавме дека тоа радио добило уште некој проект.

Останати
објави

Сподели на...