Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на 19.11.2015, четврток, оствари средба со новинарите дописници на кои им ги претстави тековните активности.
На состанокот се потенцираше важноста од Нацрт–Колективен договор и Стратегијата за лобирање како клучен предуслов за обезбедување на работничките права и нивно унапредување.
Новинарите ја потенцираа важноста од поголема видливост на ССНМ во јавноста и поактивна вклученост на социјалните мрежи. Според нив, на овој начин би се информирале потенцијалните членови за значењето и важноста од синдикалното здружување.
Новинарите сметаат дека дописниците се најзагрозена група на медиумски работници, бидејќи нивната егзистенцијата се должи на мали плати и хонорари. При тоа дел од нив пишуваат без договори кои би им ја дале социјалната сигурност професионално извршување на нивните задачи.
Дописнициите тврдат дека секојдневно се соочуваат со кршење на нивните права и поради тоа често влегуваат во директен/индиректен конфликт со надредените.
Поради прекршување на работните права, прекувремената и неплатена работа, несоодветни договори, недефинирани суми, дописниците заборавија на фундаменталната основа на постоењето на професијата – а тоа е да се обезбедат услови за непречено и објективно известување, без притисоци од надредените.
Ова е главниот заклучок кој дописниците го извлекоа од нивното досегашното работно искуство.