Протест за Кежо

Датум

kezarovski

Специјални полициски сили денеска ги спречија неколкуте стотини новинари, медиумски работници и граѓани со молк да го искажат својот протест заради затворската казна од 4 и пол години на колегата Томислав Кежаровски пред Музејот  на македонската борба за државност и самостојност во центарот на Скопје. Кордон специјалци не им дозволи на протестантите да се доближат до Музејот со оттурнување и физичка сила против оние кои се обидоа да се приближат до објектот.

Облечени во црно и со пароли „Пусто судско“ „Гоце, Даме ова е нашето беакуле“ „Новинари = возочни фигури“ „Ветуваме ќе молчиме ослободете го Кежо“ „Колку чини слободата“ и со цитати од говор на премиерот Груевски „Чувајте си го образот, работете по закон“ „Не бидете селективни, не ги делете луѓето“, присутните запалија свеќи за македонското новинарство и слободниот збор, а фоторепортерите и снимателите симболично ги одложија камерите и фотоапаратите пред полицискиот кордон.Извикувајќи „Срамота“ присутните искажаа згрозеност од односот на полицијата и го завршија протестот со големо УА!

Овој протест како и сите претходни протести на новинарите е поддржан од ССНМ.

Останати
објави

Сподели на...