Отказот на новинарката Тамара Чаусидис, претседателка на независниот синдикат на новинари и медиумски работници (НСНМР), поради своите синдикални активности претставува најстрого кршење на работничките права од страна на раководството на телевизија АЛСАТ.
Потпишувањето на бланко отказ при вработување на работниците стана пракса кај многу од работодавците. Во таа смилса, работодавците ги условуваат работниците со тоа што ако сакаат да се вработат, освен договорот за вработување, да мораат да потпишат и спогодба за прекин на работниот однос (без наведен датум) со што работодавецот би се заштитил од работникот во било кое време кога работникот ќе проба да си ги одбрани правата кои му следуваат по Закон. Исто така, често работниците добиваат и вербални закани со намера да бидат замолчувани, потиснати и на крајот избркани од работа.
Ова не е еден изолиран проблем. Тендеција е да се исклучуваат сите работници, во овој случај новинари, кои преземаат акции и јавно говорат за недостатоците и неправилностиоте на работењето на нивните работодавци. Тамара Чаусидис е претседателка на НСНМР и е заштитена согласно одребдите на Законот за работни односи.
Крајно време е работниците да се солидизираат и да се кренат против ова непишано правило кое ги држи во заложништво. Сите треба да се обединиме и да си ветиме дека нема да ја толерираме оваа појава во иднина. Трудовата инспекција и МВР треба да бидат спремни да реагираат на ваквите робовладетелски манири на газдите и да стават крај на оваа појава.
Движење за социјална правда – ЛЕНКА
Скопје, 11 август 2011