Снеубавен ден

Датум

Констатацијата дека е нешто гнило во македонските медиуми веќе подолго време е флоскула, а малкумина очекуваа дека и на еден од најмладите македонски весници толку бргу ќе му се стемни денот.

Иако постои само неколку месеци, веќе на вработените, кои во најголем број работеа врз база на договор на дело, договорите им истекнаа. Дури и да го занемариме фактот дека станува збор за безобразно краткорочни договори, она што повеќе загрижува дека и тие и такви договори воопшто не се продолжени. Вработените, би рекле по инерција, продолжуваат со исполнувањето на своите работни должности, но без никаков статус и во очекување како ќе се одвива натаму нивната судбина и судбината на весникот каде што го вградуваат својот професионален труд.

 

Останати
објави

Сподели на...