Можеби не сте го виделе, ама сигурно сте виделе барем нешто од она што снимил, а сега бидете сигурни дека барем во догледно време
нема да го видите ни неговиот снимен материјал, сигурно не на фреквенцијата на една наша горда национална телевизија. Станува збор за снимател, кој, повеќе од половина деценија, ја полнеше оваа Телевизија со снимени материјали, се разбира, врз основа на онаа славна „хонорарна“ соработка по принцип – шест месеци со говоро на дело, а шест и без тоа. Она што е вистинска иронија во целата приказна е дека токму во моментот кога овој снимател бара луѓето што имаат повеќе од пет години „сезонски “ работен стаж да бидат примени на неодредено време, тогаш тој останува и без овој зима-лето ангажман. А веднаш потоа, како што (не)проверено дознаваме, сите сниматели на таа телевизија кои имаат сличен број години стаж, добиваат договори за неодредено време. Аирлија! Што би се рекло – жртвите не се секогаш залудни.