Сте потрошиле свои пари за да подготвите истражувачка приказна за која имате скромен договор. Ова е моментот – можеби единствениот момент – кога имате можност да остварите вистинска нето добивка и да соберете пари за следната финансиска криза.
Слободните истражувачки новинари треба да имаат навика да бараат повеќе можности за продажба за секое истражување, доколку сакаат да напредуваат или дури и да преживеат, е еден од заклучоците поместени во текстот објавен од Глобалната мрежа за истражувачко новинарство.
На пример, кога ќе договори одредено истражување, слободниот новинар на терен, исто така, може да направи претходно договорен извештај на Скајп за меѓународен радиодифузер; да го обележи материјалот во својата тетратка за карактеристиките на подоцнежните списанија; да добие интервју за „Прашање и одговор“ со службено лице за соодветна трговска публикација; да сними аудио за радио; датотека на други јазици кога е можно; да наведе нови идеи од теренот; и да собере контакти поврзани со детали од главната сторија за потенцијални дополнителни истражувања.
Се разбира, фриленсерите имаат придобивка од уредничката независност и богата историја за странично влијание која оди назад се до сторијата за Ма Лаи масакрот на Сејмур Херш. Но, тие исто така треба да извлечат најголема можна корист од секој обид за собирање вести, затоа што нивната работа е едноставно најтешка од сите професии во медиумите.
Поранешниот дописник на Центарот за истражувачко известување, Марк Шапиро – сега предавач на новинарство на Универзитетот во Калифорнија, Беркли – рече за време на панелот „Бизнисот на фриленсерите“ на 11-та Глобална конференција за истражувачко новинарство дека, пред сè, агилност меѓу стилови, теми, оформување на приказните и форматите за медиуми се најважна стратегија за остварлива кариера.
„Треба да запомните дека помалку сложените приказни често се платени многу подобро“, рече Шапиро. „Живееме во мултимедијален свет. Запомнете дека можете да ги удвоите приходите ако можете продуктот да го продадете на ТВ шоу, работејќи со продуцент, кој со задоволство ќе ви помогне со упатствата“.
Каролин Томпсон, слободен новинар со седиште во Најроби, рече дека соработките сега се исто толку важни за независните репортери, како и за новинските организации.
Томпсон беше дел од тимот кој користејќи иновативно истражување за мобилни телефони – откри како владините единици принудија илјадници луѓе да ја напуштат својата земја во Јужен Судан.
Особено кога работите сами во тежок регион, треба да најдете други колеги како еден вид мрежна поддршка. Беше неверојатно корисно за мене. Јас донесов вештини за податоци и врски со меѓународни публикации, а слободните новинари со кои се поврзав придонесоа за локални контакти и увид. И, ние споделувавме идеи едни од други“, вели Томпсон.
Во меѓувреме, Емануел Фројдентал, кој има направено неколку самостојни истраги низ Африка, истакна дека дури и успешните стратегии за приказни како овие можат да се случат само доколку фриленсерите веќе имаат добар план за работа.
Сепак, тој истакна дека и покрај сите предизвици во животниот стил – недостаток на здравствена заштита, платен одмор и редовна плата – кариера на слободен новинар остана вредна за оние со желба.
„Има, всушност, неколку воздигнувања, верувале или не. Ако еден уредник рече не, приказната не умира – само може да отидете кај друг уредник, а потоа на друг. И нема уредник што ќе ви каже да испуштите приказна за која што можеби е потребно време, смета тој.
Совети за наоѓање на приказнатa
- Прочитајте или претплатете се на помалку познати списанија, трговски списанија и локални публикации. Шапиро рече: „Секој известувач ги чита Њујорк Тајмс, Гардијан и други. Треба да читате се што другите новинари не читаат “.
- Користете ги бесплатните ресурси во библиотеките и знаењето на библиотекарите.
- Користете ги вашите пријатели и роднини како инспирација за вашите идеи и агли на вашата приказна и прашајте која е најдобрата приказна што ја чуле. „Која е најинтересната приказна што сте ја чуле на вечера?“ е корисно прашање.
- Прочитајте ги судските записи и блогови секогаш кога е можно, а потоа размислете за шемите што се појавуваат.
Совети за управување со вашиот бизнис
- Користете бесплатни алатки преку интернет за управување со вашите трошоци, како “паметни приходи Плус“ за да ги организирате вашите трошоци. Треба да размислите да користите апликации кои ве потсетуваат и вас и вашиот клиент за крајните рокови.
- Создавајте буџет за вашиот бизнис, обидете се да идентификувате минимален надомест за вашата работа и да бидете подготвени да одбиете проекти што одат под тој број.
- Истражете ги можностите за грантови преку веб-страници како Меѓународна мрежа на новинари и Глобална мрежа за истражувачко новинарство, каде што можете да видите како вашата работа може да се совпадне со она што го сакаат финансиерите.
- Наведете ги идеите за вашата приказна во однос на предвидената чувствителност на приход и време и кога имате креативна криза вратете се на помалку итните стории кои претходно сте ги оставиле во фиока.
- Користете го вашето неплатено време за одмор, наместо да го користите како администраторско време или да пробате да напишете приказна за патувања. Треба да ги наполните вашите батерии за претстојните предизвици.
- Користете ги социјалните медиуми за да ја промовирате вашата работа и самите себе – иако ова може да изгледа спротивно на вашата природа како новинар. Осигурете се дека вашата и-мејл адреса и објавите за вашето искуство се јасно видливи на вашата веб-страница. Прегледајте ја вашата претходна работа и списокот со контакти и видете дали можете да се позиционирате како специјалист во одреден предмет.
- Предлагајте кога ќе имате солидна идеја за приказна или „минимум сторија“ во раката, не откако сте изгубиле време и ресурси за да ја направите целата сторија.
Совети за максимизирање на вашата заработка
- Читајте или прегледувајте што повеќе вести, и совладајте ги нивните стилови.
- Проценете дали можете да ја поделите вашата приказна на делови што можете да ги продадете одвоено или пак да ги продадете индивидуално.
- Размислете за мултимедијални верзии од истата приказна и нека не ве заплашуваат непознати формати на медиуми.
- Обидете се да избегнете договори за плаќање по збор, затоа што истражувачките приказни честопати или не успеваат, или треба повеќе време за верификување, или се скратени од издавачот. Наместо тоа, обидете се да преговарате за договори каде ви се плаќа загарантирана неделна или месечна стипендија за време на истражувањето, со загарантиран бонус од објавување. Може да се мотивирате за оваа структура објаснувајќи дека не е неопходна клаузула за убиство, и дека може да сметате на ограничена и едноставна клаузула за авторско право. Во кој било договор, проверете да не има клаузули кои целосно не ви одговараат и ќе ви направат дополнителен проблем.
- Поставете цврсти лични рокови. Томпсон рече: „Ете, можете да научите како што одите. Но, јас ја поставив оваа конференција како краен рок за објавување на главна приказна, или немаше да одам, или можеби немаше да бидам слободен новинар. А еве ме тука сум! “
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.