Самостојниот Синдикат на новинарите и медиумските работници на покана од ОБСЕ учествуваше на дводневната конференција во Сараево
посветена на слободата на медиумите.На средбата на која учествуваа стотина меѓународни и локални експерти, претставници на медиумите и медиумските организации беше фокусирана на предизвиците за слободата на медиумите во регионот како што се насилството и заканите врз новинарите, ограничување на независноста на јавните сервиси и регулаторните институции, ограничување на политичката и економска независност на новинарите и подобрување на условите во коиделуваат медиумските работници.
Конференцијата ја отвори Високиот претсавник на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ. Таа ги повика државите и компаниите во регионов да се воздржат од политизација на медиумите и упати апел до новинарите да ја засилат солидарноста и да ги подигнат професионалните стандарди на повисоко ниво.
„Политичарите мораат да разберат дека медиумите не се нивна приватна сопственост.Токму спротивнопто, секое демократско општество смета на медиумите како средство со кое ќе се проверува законитоста и работата на компаниите и владите.“ изјави, меѓу другото Мијатовиќ.
ССНМ на конференцијата беше претставен со учеството на претседателката Тамара Чаусидис која зборуваше на панелот посветен на економските ограничувања на медиумите и условите во кои работат новинарите. Во своето излагање таа ги посочи драматичните податоци за голем број новинари и медиумски работници во Македонија кои во неполна година останаа без работа, за отпуштањата поради синдикална активност или обид за протест, за лошѓите услови со кои се соочуваат медиумските работници во нашата земја. Во излагањето беше нагласена основната теза на синдикализмот во медиумската сфера во Македонија – не е можно да се продуцира независно и слободно новинарство во услови на ствар за работното место и под директна зависност од работодавачите.
Конференцијата во организација на ОБСЕ заврши со усвојување на Декларација во која се истакнуваат најважните препораки за владите и медиумите чија цел е поддршка и развој на слободните медиуми кои ќе бидат во функција на јавниот интерес на општествата во кои делуваат