Статистики и плати

Датум

Бернард Шо, наводно, некогаш рекол дека постои лага, проклета лага и статистика.За волја на вистината, оваа максима во Македонија е одамна позната, а сега постојат сите шанси една од овдешните национални телевизии уште еднаш да ја потврди.

Имено, оваа телевизија, според својот приход, се најде меѓу најуспешните македонски компании минатата година, зголемувајќи го приходот за неколку стотини проценти во однос на претходната година, а, ете, непроверено се дознава дека платите на големо доцнат. Шпекулациите за отпуштање на луѓе уште не се потврдени. Го очекуваме статистичкиот извештај и за овој период.

 

Останати
објави

Сподели на...