Технолошки отказ

Датум

На еден од ретките карикатуристи во дневните весници, во дневниот весник во кој соработува од првиот број, своевремено објавувајќи ги карикатурите и нанеговата насловна страница, деновиве му се заблагодарија на соработката.

И тоа преку СМС порака на неговиот мобилен телефон. Во општите мерки на стабилизација и, би рекле, на хаварија, хонорарците први страдаат, а карикатурата, веќе подолго време, се смета како своевиден непотребен баласт во весниците (со оглед на времето во кое живееме, навистина е тешко да се направи некаков карикатурален коментар). Но, сепак, во некои поинакви времиња човекот што објавил преку 2.000 карикатури во ист весник, ќе заслужел барем кафе-муабет кога ќе му било соопштено дека неговите услуги не се повеќе потребни. Но, денес, ете, живееме во супериорно технолошки времиња, па весникот освен што го заштеди хонорарот за карикатуристот, заштеди и на кафето што некогаш евентуално би му било понудено.

 

Како и да е, освен фамозната категорија „технолошки вишок“, во македонското новинарство се воведе и многу поефикасната – „технолошки отказ“.

Останати
објави

Сподели на...